
Овен
21. 3. – 20. 4.
Се вртите во круг бидејќи не прифаќате некои мали порази. Во прашање се некои крајно безначајни работи, а вие од тоа направивте драма во повеќе чинови. Можеби е време да ги анализирате вашите внатрешни нагони, поради што вашето его не прифаќа отстапувања, дури и симболични.
Бик
21. 4. – 21. 5.
Губите премногу време обидувајќи се да соберете група луѓе за да се посветите на заедничката цел. Проблемот не е во тоа што не сакаат да соработуваат со вас, туку пречката е што не сите го гледаат, на ист начин, она што ви е толку кристално јасно.
Близнаци
22. 5. – 21. 6.
Поминувате непотребно време организирајќи го патувањето и не сте сигурни дека се е изводливо. Не сте ги завршиле најважните работи. Проверете ги документите, условите за патување и средствата што ви се потребни.
Рак
22. 6. – 22. 7.
Преокупирани сте со други проблеми, па овој ден за вас е како и секој друг ден. Саканата личност се обидува да ви пренесе нешто важно, но вие тоа не го забележувате. Започнете, пред да биде предоцна, да го поправите вашиот љубовен живот.
Лав
22. 7. – 23. 8.
Поради изразените промени во расположението, вие сте почувствителни, што може да доведе до големо искушение во веќе разнишаната љубовна врска. Во срцето сè уште чувате силни впечатоци од минатото, па сеќавањето на неуспешната голема љубов ја вознемирува новата.
Девица
24. 8. – 23. 9.
За вас секоја активност е, во суштина, работа. Со задоволство ја прифаќате организацијата на прослава на која најмногу ќе учествуваат луѓето со кои имате деловна врска. Ако не се опуштите на време, вашиот перфекционизам може да се претвори во агонија.
Вага
24. 9. – 23. 10.
Се правите дека не ја забележувате незаинтересираноста на вашата сакана личност. Мислите дека со тоа што ќе го игнорирате ќе го избегнете проблемот, но вистината е дека со прикривањето ја влошувате и онака напнатата ситуација. Зборувајте, работите не се толку црни како што изгледаат на прв поглед.
Скорпија
24. 10. – 22. 11.
Копнеете за промени во куќата. Недостатокот на средства ве спречува да направите нешто конкретно, па се одлучувате за мали измени и преместувања кои ќе донесат нова енергија во вашата околина. Ако ги вклучите и домашните, задоволството ќе биде колективно.
Стрелец
23. 11. – 21. 12.
Прекумерната грижа станува исцрпувачка за секого. Своите стравови ги проектирате најмногу на женскиот дел од семејството. Интензивно размислувате за секој детал, а ви недостигаат големите работи. Домаќините ја чувствуваат вашата потреба да им угодите на сите како притисок.
Јарец
21. 12. – 21. 1.
Самодовербата и арогантниот однос ја иритираат околината која долго време е трпелива со сите гафови што сте ги направиле. Доколку не се присоберете, на крајот од денот може да доживеете многу непријатна ситуација од која ќе излезете со наведната глава.
Водолија
21. 1. – 19. 2.
Расположението се зголемува. Свесни сте дека можете да сметате на голема поддршка од пријателите бидејќи тоа сте го заработиле од нив со вашите напори и жртви во изминатиот период. Ве очекуваат пријатни моменти и мало изненадување подготвено од партнерот.
Риба
20. 2. – 20. 3.
Имате многу планови и очекувате да лансирате некои од нив наскоро. За жал, денешните настани нема да ви донесат поголеми случувања, освен што околностите ќе ве натераат да размислите дали патот по кој сте излегле е најповолен за некој како вас.