
Бројни локални пејачи веќе ги објавија своите летни синглови, исто како и странските ѕвезди, а сега се очекува мега хитот на летото. Бритни Спирс стилски се враќа на сцената со песна која тајно ја снимила со музичката легенда.

Поп принцезата ја сними песната „Tiny Dancer“ со Елтон Џон, а неодамна се сретна со него за да сними нова верзија на неговиот легендарен хит од 1971 година во студио во Беверли Хилс, тврди експерт за музичката индустрија.
Сè било идеја на Елтон, а тајното снимање во студиото го надгледувал продуцентот Ендрју Ват, чие студио се наоѓа во подрумот на неговата куќа.

Се зборува дека кога песната им била пуштена на луѓето во издавачката куќа, сите ја оцениле како летен хит. Сето ова неизмерно ја израдувало популарната пејачка, која е крајно возбудена поради нејзиниот голем камбек на сцената!.
Ват продуцираше албуми за Џастин Бибер, Мајли Сајрус, Перл Џем и Ози Озборн и ја освои наградата Греми за продуцент на годината за 2021 година.
Популарната пејачка неодамна сподели видео на Инстаграм на која пее нова, повозбудлива изведба на нејзиниот хит од 1998 година, „…Baby One More Time“, а во описот на видеото напиша: „Не сум го споделила мојот глас долго време… можеби предолго“.