Доаѓа сезоната на ПОЛЕН и АЛЕРГИИ! Ако лековите НЕ ви помагаат, еве што ќе ви пружи СПАС!

16 март, 20220
428641_kijavica-alergija_f

Ако имате проблеми со алергија, овие совети ќе ви ја олеснат болката.

Со оглед на тоа дека се наближува пролетта, сосема е очекувано и цветање на дрвјата. Ова може да предизвика многу непријатни симптоми кај луѓето алергични на полен.

Се разбира, постојат одредени лекови кои помагаат во борбата против алергиите, но има и некои работи што можете да ги направите за да си помогнете сами на себе.

Симптомите можете да ги ублажите со носење наочари за сонце и на тој начин да спречите поленот да влезе во вашите очи.

Светската здравствена организација исто така препорачува да се туширате, по секој престој надвор, за да го отстраните поленот од вашето тело, а исто така треба веднаш да ја смените облеката.

Се подразбира дека најдобро би било да се движите низ делови од градот каде што концентрацијата на полен е мала, што значи дека избегнувате природни предели, како што се шумите и ливадите.

Уште еден корисен совет е да ставите вазелин околу носот, за поленот да се залепи за него и да ве спречи да го вдишите, а се препорачува да не ја закачувате облеката надвор или на тераса да се суши или проветрува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi