Секој се радува кога бубамара ќе му слета на раката или кога ќе ја види во близина.
На Далечниот Исток, се верува дека бубамарите се со различна енергија, во зависност од нивната боја.
Нашироко се верува дека ако бубамара слета на раката на еден млад човек, тој ќе се ожени.
Во европските земји бубамарите носат позитивна симболика. Најчесто се појавуваат за време на пролетта и расцветувњто, па се верува дека се симбол на плодноста и повторното раѓање. Интересно е што во некои делови за бубамара се користи и називот божја овчичка, додека Англичаните го користат терминот ladybug што би значело бубачка на Дамата, а под Дама се мисли на Богородица.
Во Велика Британија, Франција и Германија, бубамарата е доминантен симбол на христијанството и знак испратен од Богородица. Кај православните народи бубамарата се поврзува со култот на Архангел Михаил, а во Франција постои верување дека бубамара што ќе слета на некого му помага негативните мисли да ги претвори во позитивни и да се чувствува подобро.
Интересен е обичајот кога бубамарата е на показалецот на девојката да ги одбројува секундите додека да полета. Колку повеќе секунди ѝ требаат на бубамарата да полета, толку години ќе ѝ требаат за да се омажи.
Во Холандија преовладува мислењето дека ако бубамара слета на венчаница на една млада жена, тоа е знак дека таа ќе има многу деца.
Најзастапени се црвените бубамари, за кои се верува дека го симболизираат животот и љубовта и им пренесуваат порака на оние на кои ќе слетаат дека ќе добијат добри вести или дека некој копнее по нив.
Лош знак е ако на себе забележите мртва бубамара и тоа ви најавува доаѓање на полош период во животот или претстојна опасност.