
Оваа маска за коса е лесна за правење и многу ефикасна
Многу жени се борат со коса која брзо се мрси, а решението е многу едноставно.
Користете само три состојки што ги имате дома за да направите смеса за коса што ќе помогне да се намали мрсењето. Се што ви треба се јогурт, јаболков оцет и мед.
Јогуртот може да ви помогне и ако имате првут, бидејќи успешно го отстранува благодарение на неговите антигабични својства и го балансира нивото на pH на скалпот со регулирање на производството на себум. Јаболковиот оцет се користи за враќање на природната pH вредност на скалпот и за контрола на производството на себум.
Третата состојка на оваа маска – медот, има антиоксидантни својства кои спречуваат оштетување, одржувајќи го скалпот и косата здрави. Медот може да ги смири и спречи инфекциите на скалпот и да ги смири проблемите како првут, егзема и псоријаза.
Состојки:
1 шолја јогурт
3 лажици јаболков оцет
1 лажица мед
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во сад и нанесете ја маската од коренот до врвовите на косата. Држете ја на косата 30-40 минути, а потоа исплакнете со вода и измијте како и обично.
Повторете го ова два пати неделно. Не грижете се за мирисот – можеби на почетокот ќе биде непријатен, но ќе испари штом косата ќе се исуши.