ЕВТИНО И ВЕДНАШ ЈА ВРАЌА СВЕЖИНАТА НА ЛИЦЕТО Откриен е тајниот рецепт за брзо затегнување на брчките и бришење на темните кругови околу очите

popara15 август, 20221min00
Screenshot_5

Постои начин како да се ревитализира кожата околу очите и темните кругови да исчезнат без трага

 

 

Дали вашите очи и очни капаци изгледаат подуени и уморни, а темните кругови се нагласени? Подуените очни капаци и темните кругови можат да бидат фрустрирачки, непријатни и да влијаат на вашата самодоверба.За среќа, постои начин кожата околу очите да изгледа посвежо, а темните кругови да исчезнат без трага!

 

 

КРЕМА ЗА ХЕМОРОИДИ

Моделите и актерите ја знаат оваа тајна, се чини, од секогаш. Имено, кремот против хемороиди брзо ги затегнува отечените очи и ги намалува брчките. Ако мирисот на кремот е премногу силен за вас, измешајте го со малку од вашиот хидратантен крем пред да го нанесете.

 

ЧАЈ

Чајот со кофеин, кој содржи природен танин, е благ диуретик кој долго време го користат нашите баби, а денес и моделите за намалување на подочниците.

 

Две филтер кесички чај потопете ги во топла вода, а потоа изладете ги малку во фрижидер (неколку минути) и секоја кесичка ставете ја на очите. По пет минути вашите очи ќе се освежат.

 

 

АВОКАДО

За многу луѓе, заморот носи и темни кругови под очите, поради кои изгледаат многу постари. Ако не сте имале време за одмор, исечете едно авокадо и ставете парчиња под очите или обидете се да нанесете крем од мелени бадеми и млеко на темните кругови, што може да ги осветли.

 

МЕТАЛНИ ЛАЖИЦИ

Земете две метални лажици и држете ги под ладна вода неколку минути. Потоа ставете го дното на лажицата под очите 30 до 60 секунди. Студот на металот ќе ги оживее вашите уморни очи и во исто време ќе ве енергизира.

 

СВЕЖИ КРАСТУВАЦИ

 

Кога очите ви се црвени и отечени, едноставно исечете 2 прстени свежа краставица, легнете и ставете по еден на секое око околу половина час. Одморете се, а кога ќе станете, очите ќе ви бидат посветли и ќе се чувствувате освежени.