ЕВТИНО ЈАДЕЊЕ, ЛЕСНО ЗА ПОДГОТОВКА Полнето бело месо, неодолив специјалитет за сите членови на семејството

popara30 октомври, 20221min00
Screenshot_3

Месото е неверојатно сочно, а може да се јаде како посебен оброк или со помфрит и некоја салата

 

 

Состојки:

  • 400 гр печурки
  • 1 кромид
  • 600 гр пилешко филе
  • 100 гр тврдо сирење
  • брашно

 

Подготовка:

 

Кромидот ситно се сечка и се пропржува, па се додаваат сечканите печурки. Исечете го месото на шницли, а потоа исчукајте го со чекан. Зачинете со сол и бибер од двете страни. Во печурките додајте рендано сирење, а потоа истурете лажица, две врз месото и завиткајте во ролна. Се валкаат во брашно и се пржат на масло.