Ким Кардашијан покажа како го украсила својот дом за Ноќта на вештерките: „Тука навистина е морничаво“

popara30 октомври, 20221min00
Screenshot_5

Ким Кардашијан објави видео на Инстаграм на кое покажува како ја украсила својата куќа за Ноќта на вештерките.

 

 

 

„Решив дека темата ќе бидат скелети“, изјави реалити ѕвездата. Таа сними големо дрво покриено со украси од коски и череп, а потоа покажа „морничави луѓе“ кои изгледаат како да палат оган и скулптури на бели раце кои излегуваат од земјата.

 

Внатре во куќата, декор во форма на пајажина виси од таванот и ѕидовите. „Овде е навистина морничаво“, додаде Ким, покажувајќи на лажните мумии расфрлани низ куќата.

 

 

Видеото може да го погледнете ТУКА.

 

 

Нејзиното видео го погледнале повеќе од милион луѓе. Некои напишаа дека ова им е „многу кул“, додека други се согласија дека нема да се осмелат да спијат во нејзината куќа покрај вакви украси.