
Кој може да одолее на совршената комбинација од лут доматен сос, сочни печурки и сирење што го гали непцето?
Ќе се согласите, ретко кој.
Затоа едно парче пица е најчестиот начин да ја прекинете диетата.
Поради некоја причина, пицата стана синоним за среќа и добро расположение, па луѓето често ја купуваат дури и кога се тажни или уморни. Иста е ситуацијата кога некој едноставно мрази да готви.
Токму поради ова, пицата е чест виновник за дивеењето на бројките на вагата во текот на денот.
Сепак, постои еден едноставен трик за да го избегнете ова. Бидејќи пицата е многу калорична, важно е да се отстрани вишокот на оние штетни калории кои доведуваат до дебелеење.

Не се работи за промена на рецептот, навистина ќе можете да уживате во омиленото крцкаво тесто.
Маснотијата од парче пица, која содржи најголем број калории, може да се отстрани со едноставно тапкање со салфетка. Овој трик е тестиран во емисијата „Детективи за храна“.
Водителот Тед Ален, заедно со неговиот тим, ги мереше калориите на пицата пред и откако методот беше искористен за отстранување на маснотиите. Откриле дека на овој начин од пицата се отстранети до 35 калории по парче.
Според нив, просечното парче пица брои околу 272 калории. Со овој метод би изгубиле околу 35 калории од парче, што е околу 13 проценти. Ако пицата не е редовна на вашето мени, овој трик не ви значи многу, но доколку сакате пица и често ја консумирате, можете, според експертите, да избегнете таложење и до неколку килограми годишно.