ЗАБРАНАТА НА АБОРТУСОТ ВО АМЕРИКА ПРЕДИЗВИКА ХАОС: Ова е пораката што ја испрати МЕГАН МАРКЛ!

popara2 јули, 20221min00
264223_profimedia0634364556_ls

Жените се важни!

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави го укина федералното уставно право на абортус во САД, па на американските држави им се враќа можноста да донесуваат закони кои го забрануваат.

„Здравјето и животот на жените во оваа нација сега се загрозени“ – изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Многу познати личности се изјаснија по тој повод, меѓу кои и Меган Маркл.

Megan Markl

„Ова има многу реално влијание врз телата и животите на жените од сега па натаму. Жените споделуваат приказни за тоа како нивната физичка безбедност била доведена во опасност. Оние кои имаат услови ќе патуваат за да абортираат, а оние кои немаат би можеле да се обидат да го направат тоа на небезбеден начин, со огромен ризик“ – изјавила Меган.

„Некои ќе мора да набават таблети за абортус од нелегални аптеки. Има и група жени со аномалии на фетусот на кои ќе им треба итна медицинска помош и ќе бидат оставени на милост и немилост на лекарите и адвокатите додека не се утврди дали нивната бременост навистина го загрозува животот. Што им кажува ова на жените? Дека нашата физичка безбедност не е важна, а како резултат на тоа не сме важни ниту ние. Но, ние сме. Жените се важни. И ова е една од причините поради која веднаш реагирав”- изјави таа.

Megan Markl

„Овие прашања се системски, меѓусебно поврзани и може да се спречат. Овие одлуки најмногу влијаат на обоените жени, а особено на црнките, затоа што повеќето од нас немаат ист пристап до здравствена заштита, економски можности, ресурси за ментално здравје… списокот продолжува. Тешко е да се прецени што ќе им направи оваа одлука на овие заедници“ – вели таа.