Затегнете го лицето сами и тоа во рок од неколку секунди: Сè што ви треба е еден ластик за коса
Веќе знаеме дека социјалните мрежи се преполни со разни совети и трикови за убавина за подобар изглед. Покрај инспиративните видеа со различни идеи за шминка и фризури, на TikTok можете да најдете и трикови за еден вид лифтинг на лицето.
Лифтингот на лицето е голема и популарна тема и општо е познато дека постојат бројни серуми, креми, но и ласерски и естетски процедури кои можат да ги избришат годините.
Сепак, најновиот трик на TikTok е далеку од сето тоа. Едноставно е и практично, а за него не ви треба ниту еден денар.
@daphsierra Better than face tapes!! #hairtok #facelift #lifehack #beauty
Имено, се што треба да направите е само да врзете две прамени коса во саканата положба и добро да ги затегнете на главата.
Видливите промени се веќе таму, лицето изгледа многу помладо, а сето тоа го направивте дома – за само неколку секунди. Совршено, нели?!