Избегнувајте го СТРЕС ОТ НА РАБОТА: Следете ги овие 3 ПРАВИЛА и нема да се чувствувате скршено

popara6 јуни, 20221min00
430d73b7316ad245f7e3256e44d5e65b8ca15b8d

Колку и да ви е потребна работа за да можете удобно да живеете, доколку сте невнимателни, таа може да стане една од најлошите закани за вашето ментално и физичко здравје.

Според „Better Health Channel“, стресот е главна причина за здравствени проблеми, вклучувајќи анксиозност, депресија и повреди на работното место.

Токсичните односи на работа, неисполнувањето на работните обврски и недоволното физичко движење додека сте таму, може да го намалат квалитетот на вашето здравје.

Според едно истражување, мажите и жените кои се на високо ниво на стрес на работа имаат поголем ризик од развој на дијабетес тип 2. Така, и покрај тоа што сте зафатени со состаноци и рокови, можете да преземете некои од овие едноставни чекори за да го одржите вашето здравје на работа.

Спакувајте ручек

Секојдневното јадење „надвор“ може брзо да ја исцрпи вашата банкарска сметка, но и да го загрози вашето здравје. Кога ќе го спакувате ручекот дома, имате целосна контрола врз тоа што јадете. Обидете се д вашето „пакување“ да содржи здрави житарки и зеленчук, малку помали порции протеини и овошје и уште помалку млечни производи. Исто така, можете да ги користите остатоците од претходните оброци за да спречите фрлање храна.

На пример, искористете го преостанатото пилешко како дел од преливот за салата или додајте ги остатоците од зеленчук од вечерата во густ јогурт.

Движете се што е можно почесто

Знаеме дека долгите периоди на седење не се добри за телото и, според д-р Едвард Р. Ласковски, секое долго седење, на маса, зад волан или пред екран, може да биде штетно. Истражувањата го поврзуваат долгото седење со голем број здравствени проблеми, вклучително и дебелината и високиот холестерол.

Затоа би било добро да пешачите повеќе во текот на работниот ден, да се качувате по скали, да се истегнувате (додека разговарате на телефон или чекате нешто), па дури и повремено да стоите пред вашето биро. Уште ако дојдете пешки на работа, тоа би било одлично.

Носете вода секаде со вас

Кога сте жедни, чувствувате дека треба да пиете вода, но тогаш веќе почнувате да дехидрирате и треба да внесете малку вода во организмот. Дехидратацијата има многу несакани ефекти, како што се грчеви во мускулите, главоболки и желба за храна. Најдобар начин да се потсетите дека треба да пиете вода е секогаш да имате вода на повидок на вашето биро. Диететичарката Моника Ослендер предлага да го следиме внесот на вода, бидејќи може да ни помогне да стекнеме навика да ја пиеме.

Така, на пример, можеме да правиме белешки секогаш кога ќе се напиеме или да поставиме потсетник во телефонот.