Инстаграм профилот му „експлодираше“ по сликата со Меси: Роналдо е официјално најследената личност на платформата

23 ноември, 20220
profimedia-0461612522-830x0

Кристијано Роналдо стана најследената личност на Инстаграм и првата личност која собрала неверојатни 500 милиони следбеници на социјалната мрежа.

Роналдо има 124 милиони повеќе следбеници од Лео Меси, кого на таа социјална мрежа го следат 376 милиони луѓе. Третата најследена личност на Инстаграм, Кајли Џенер, има 372 милиони следбеници.

Роналдо до вртоглавата бројка стигна благодарение на фотографијата со Лео Меси која ја објави пред два дена, а која за кратко време собра 37 милиони лајкови.

Кристијано Роналдо следи нешто повеќе од 500 профили на Инстаграм.

Според некои проценки, Роналдо заработува околу 2,3 милиони долари по платена објава на Инстаграм.

Фудбалерот често рекламира брендови со кои има договори и свои брендови и редовно објавува семејни фотографии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi