ХОРОСКОП ЗА 23-ТИ НОЕМВРИ: Девиците добиваат предлог за патување, а Водолиите се фрустрирани од финансиите

23 ноември, 20220
e3ad0c610c382dcd0adf232c1b2797b2995286d9

Овен

На љубовен план ви претстои позитивна промена. Ситуацијата се подобрува. Поради интензивните деловни обврски, слободното време ќе го поминувате работејќи, па оваа разделба од партнерот ќе донесе стимул за наредниот период.

Бик

Вие сте расеани. Окупирани сте со грижи кои сте ги смислиле и ги решавате проблемите кои допрва би можеле да се случат. Вашата деконцентрација и однесување на работа може да ве чини многу, па затоа е подобро да се разбудите на време и да ја одделите реалноста од фантазијата.

Близнаци

Целосно сте посветени на деловните активности. Ви претстојат интензивни настани и на професионален и на финансиски план. Ве очекува одлична можност која пристигнува во форма на понуда за соработка со луѓе за кои мислевте дека се недостижни.

Рак

Денот е обележан со напнати транзити кои навестуваат стресни ситуации од кои нема лесно да се извлечете. Нетрпеливоста сведете ја на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога се во прашање врските и љубовта.

Лав

Врската со саканата личност не оди онака како што би сакале. Можеби изминатиов период малку ве разгалела, па влеговте во улога на жртва на која без свесна намера се ѝ се дозволува. На другата страна може да ѝ здодее таквата атмосфера, а кога ќе сфатите, ќе биде предоцна.

Девица

Имате предлог за патување, соработка со странство или студирање со профитабилна работа. Ако не реагирате брзо, може да ја пропуштите оваа неочекувана можност. Иако не е ваша природа да се коцкате, обидете се овој пат, ризикот може да се исплати.

Вага

Вие сте невообичаено креативни и зрачите со огромна самодоверба. Толку сте полни со себе што се заканува да се претвори во заблуда за голема супериорност над другите луѓе. Зауздајте го тој наплив на гордост, пред вас се задачи кои ќе можете да ги решите само ако играте во тим.

Шкорпија

Прифативте обврски кои не се во согласност со вашата природа. Утешете се во гледањето на сето тоа како привремен проект кој, кога ќе заврши, носи нови можности. Доколку во сето тоа е вклучен партнерот, внимавајте, распределбата на улогите би можела да стане навика.

Стрелец

Вашиот авторитет е на преден план. Иако уживате кога ви веруваат и ви бараат мислење, има денови кога едноставно не ви се допаѓа. Сега е таков момент. Итно ви е потребен одмор, без разлика што неделата допрва почнува. Не двоумете се, дозволете си подолга пауза.

Јарец

Време е за мала пауза, но не дозволувајте премногу да се опуштите. Искористете го денот за расчистување на вашите заостанати работи. Покрај тоа, идеален момент е да ги обновите старите контакти со пријателите кои сте ги запоставиле во изминатиот период.

Водолија

Областа на финансиите е постојан извор на фрустрации и грижи за вас. Не сонувајте за бегство, во овој момент не можете да поправите ништо бидејќи не се сите карти во ваши раце. Искористете го денот за искрено да го завршите она што ви следува, а резултатите ќе мора трпеливо да ги чекате.

Риби

Време е што повеќе да се посветите на обврските и да ги решавате една по една. Финансиската ситуација е прилично стабилна, па затоа е вистинско време да ги расчистите долговите и неплатените сметки пред да тргнете во шопинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *