Испливаа снимки од бруталното тепање на концертот на Елтон Џон и Дуа Липа: Го удирале мажот до несвест

26 ноември, 20220
elton-dzon-dua-lipa-koncert-tuca-830x0

Се појавија шокантни снимки од брутално претепување на маж по минатонеделниот концерт на Елтон Џон и Дуо Липа во Лос Анџелес, а напаѓачот е уапсен откако го тепал човекот додека не се онесвестил.

Жртвата изјавила дека излегувал од концерт кога некој удрил во страничниот ретровизор на неговиот автомобил, каде што седеле тој и неговата сопруга. Кога излегол од автомобилот, следел пекол. Тој бил нападнат од непознат маж. Од тепањето паднал на подот крвав.

Кога нападнатиот се обидел да стане, друг маж во црна кошула му се придружил на напаѓачот и силно го удрил по лицето, онесвестувајќи го претепаниот. Во тој момент дошол главниот човек во сина кошула и почнал да го удира, поради што жртвата се бранела.

– Откако ме удри кога излегов, она на што се сеќавам е дека ги гледам другите нозе до мојата глава. Ме удираа двајцата. Дојде жена ми, почна да ги турка луѓето од мене.

Сопругата на претепаниот маж е многу вознемирена што се случило со нејзиниот партнер, но и со неа. Таа рече дека излегла од автомобилот откако ја видела гужвата околу нејзиниот сопруг, но кога се обидела да помогне, ја фатиле за коса и ја фрлиле на земја.

– Почувствував удар, а потоа ме фрлија на подот. Мојата глава удри во тротоарот па се извлеков – рекла таа. Нејзиниот сопруг го поддржа ова и рече:

– Таа беше соборена на земја, јас паднав. Никој не дојде да ни помогне.

– Да го оставам маж ми на подот да умре… да не бев таму, да се здобиеше со повреда на мозокот и да искрвареше до смрт, кој ќе му помогнеше? – прашала сопругата на претепаниот маж.

Двајцата мажи може да се видат како бегаат на крајот од видеото додека ги следи толпа набљудувачи. Иако двајцата напаѓачи не се јавно идентификувани, еден осомничен е уапсен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *