Се мери во чаши, готов е за 20 минути: Брзински КОКОС КОЛАЧ кој ќе го обожаваат сите во семејството

26 ноември, 20220
349577_cokoladnikolacshutterstock-500561719_ff

Неодоливата комбинација на вкусен кокос и чоколадо предизвикува невидено задоволство и ги буди сите сетила.

Со оглед на тоа што се прави за кратко време и се мери во чаши, што значително го забрзува целиот процес, не е чудно што оваа торта е една од најомилените во кујната на секоја домаќинка.

Доколку и вам ви се допаѓа комбинацијата од овие супер состојки, задолжително запишете го овој рецепт:

Ви треба:

1 чаша јогурт
1 чаша млеко
1 чаша масло
1 шолја кокос
1 ванилин шеќер
2 чаши шеќер
2 чаши брашно
1 лажичка прашок за пециво
200 гр чоколадо

Подготовка:

Соединете ги сите состојки и печете во мала тава подмачкана со масло околу 20 минути на 220 степени. Кога смесата ќе се испече, одозгора прелијте ја со чоколадна глазура.

Оставете го колачот добро да се излади во фрижидер, па исечете го на коцки и послужете. Одлично оди со кафе, но е и одлично уживање после секој семеен ручек.

Поради лесната текстура и вкусните состојки, го сакаат и децата и возрасните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi