
Пејачката во тоа време била на одмор со семејството!
Пејачката Мараја Кери била ограбена, односно и била ограбена вилата во Атланта, додека таа и нејзиното семејство биле на одмор во Италија. Се се случило во јули, поточно, кражбата била пријавена на 27.07, а се наведува дека се случила три недели порано.
Истрагата е се уште отворена, но не можеме да дадеме повеќе детали – објаснуваат од полицијата.

Се уште не е откриено што украле крадците, како и дали и колку пари имало во куќата.
Ниту пејачката ниту нејзините претставници за медиумите досега јавно не ја коментираа кражбата. Имено, пејачката ја купи оваа вила за 5,4 милиони евра во ноември 2021. Куќата се наоѓа во Сенди Спрингс (Атланта, Џорџија), има девет спални соби и 13 бањи, како и базен, тениски терен и игралиште.

Инаку, пејачката во моментот на грабежот била на одмор со семејството, од каде редовно објавувала фотографии на мрежите, а многумина сметаат дека тоа им го привлекло вниманието на крадците, кои знаеле дека куќата е празна.