ИСЧИСТЕТЕ ГО ТОАЛЕТОТ БЕЗ ПРОБЛЕМИ! Пробајте ги триковите на искусните домаќинки!

2 јули, 20220
450298_giorgio-trovato-876np3npumc-unsplash_f

Повеќето домаќинки почнуваат да чистат од бањата, што на некој начин е приоритет – важно е таа секогаш да биде совршено чиста. Покрај кадата и мијалникот, кои треба да блескаат, тука е и тоалетната школка, која треба постојано добро да се исчисти.

Сепак, чистењето на бањата често знае да биде вистинска болка, бидејќи производите се полни со штетни хемикалии. Од друга страна, постојат природни средства за чистење кои можете сами да ги направите.

  1. Оцет и сода бикарбона

За овој метод на чистење ви треба:

100 гр сода бикарбона

10 капки есенцијално масло

половина чаша бел оцет

Истурете ја сода бикарбоната во тоалетната школка, а потоа додајте ги етеричното масло и оцетот. Водата ќе се пени неколку минути отстранувајќи ги бигорот и дамките. Кога водата ќе престане да пени, пуштете вода од казанчето.

  1. Сок од лимон

Во шише со распрскувач измешајте сок од еден лимон, петнаесет капки есенцијално масло и литар вода. Сè добро измешајте и производот е подготвен за употреба.

  1. Домашни шумливи таблети

Се што ти треба е:

150 гр сода бикарбона

50 мл лимонска киселина

1 лажица детергент за садови

калапи за мраз

Измешајте ги сода бикарбоната и лимонската киселина, потоа додадете детергент и измешајте сè заедно. Смесата ставете ја во калапи за мраз и оставете ја да се суши околу 4 часа. После тоа, извадете ги „коцките“ од садот за мраз и ставете ги во тегла која херметички ќе ја затворите.

Ставете една коцка во тоалетната школка. Почекајте да се стопи, па исчистете со четка и пуштете вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi