Само ОВАА намирница ги топи масните наслаги од стомакот: Нутриционистка тврди дека е богата со ВИТАМИНИ и го поттикнува слабеењето

2 јули, 20220
28486_shutterstock-542836249_f

Едно од најчестите прашања што сите го поставуваме овие денови е како да се ослободиме од салото од стомакот.

Пристигнаа летните температури и тешко можеме да ги прикриеме недостатоците со гардероба. Иако не е за пофалба, повеќето од нас се опуштивме во текот на изминатите месеци, а наслагите околу половината се најочигледен знак дека не сме се грижеле за исхраната.

Стомакот најтешко се „симнува“, а причината за тоа е висцералното (внатрешно) сало, кое воедно е и најопасниот вид на маснотии во човечкото тело. Нутриционистите тврдат дека еден зеленчук е најдобриот сојузник во борбата за рамен стомак.

„Спанаќот е полн со хранливи материи, што го прави хранлив и здрав за вашето тело. Богат е со витамини, минерали и антиоксиданси, а сето тоа е поврзано со намалувањето на стомачните масти“, вели диететичарката Кортни Деанџело и истакнува дека е важно да вклучите повеќе влакна и протеини и да го ограничите внесот на масти и шеќер.

“Покрај тоа, спанаќот е нискокалоричен зеленчук, во исто време многу богат со растителни влакна. Јадењето влакна помага да се чувствувате сити и да го спречите прејадувањето. Влакната помагаат во варењето и апсорпцијата на храната, што ќе ви помогне да го одржите метаболизмот под контрола” – вели таа.

Исто така, важно е да јадете што повеќе овошје, зеленчук и житарки од цело зрно.

„Рафинираните житарки прават да се чувствувате помалку сити, може да го нарушат нивото на шеќер во крвта – а со тоа и контролата на апетитот“, вели д-р Деанџело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi