Фенг шуи учењето најмногу внимание посветува на ориентацијата во просторот со цел да се обезбеди просперитет и напредок.
Многумина од нас имаат дилема каде да ги постават полиците за книги во станот, обично го избираат местото што им останува откако ќе ги стават главните парчиња мебел во собата. Сепак, на овој начин можете да ја блокирате позитивната енергија.
Некои од најпознатите теории на фенг шуи користат кардинални насоки за да создадат осум специфични делови од собата. Се вели дека секоја насока има уникатни квалитети на позитивна или негативна енергија. Во рамките на оваа теорија, западот треба да биде насока на креативноста. Поставувањето на полицата за книги во западниот дел од просторијата ќе го зголеми протокот на креативна и интелектуална енергија.
Ако сте многу горди на вашата колекција книги, ставете ја полицата во централниот дел од куќата, така што таа ќе ви носи радост секогаш кога ќе влезете во собата. Енергијата што ја чувствувате кога ќе видите истакната полица за книги ќе се рефлектира назад во собата, зголемувајќи ја позитивната енергија и радоста во просторот. Добро место е и во близината на предниот влез во куќата. Оваа локација го одразува протокот на позитивна енергија и поттикнува креативно размислување
Во практиката на фенг шуи, нередот предизвикува негативна и збунувачка енергија, која може да го блокира позитивниот проток на енергија низ просторијата. Ова се однесува на нередот во собата, но и нередот на полиците со книги. Затоа, за да го максимизирате протокот на позитивна енергија, треба редовно да ги чистите полиците и книгите и да се ослободите од старите и искинати кои не ги користите. Со чувањето на вакви книги дозволувате старата и негативна енергија да се вкорени во вашиот животен простор.