Како бојата на вашата постелнина влијае на сонот?

26 јануари, 20220
Screenshot_8

 

Како се чувствувате кога ќе ја погледнете вашата постелнина во спалната соба? Спокојно или нервозно?

 

Дали знаете дека луѓето потсвесно реагираат на бојата на постелнината и материјалите и дека многу е важно каква боја ќе имате на креветот?

 

Научниците потврдуваат повеќето луѓе реагираат на визуелните дразби, а психологијата развила дури и посебна дисциплина која се занимава со значењето и влијанието на боите.

 

Според тоа, секоја боја има свое значење според кое може да си ја одберете најсоодветната.

 

Бела постелнина

 

Боја на невиноста. Белата постелнина делува свежо, класично, а деталите и ѕидовите во бела боја ја зголемуваат енергијата. Белата боја со нијанса на слонова коска го забрзува потонувањето во сон. Особено им помага на луѓето кои патат од несоница за да се опуштат и добро да се наспијат.

 

Светлосина постелнина

 

Боја со која ќе спиете спокојно како бебе, тврдат експертите за фенг шуи. Светлосините детали во собата, вклучувајќи ја и бојата на ѕидовите, завесите, постелнината во пастелни, нежни тонови создаваат позитивна енергија во просторот и удобност. Оваа нијанса особено им помага на луѓето кои имаат кошмари.

 

Зелена постелнина

 

Зелената е симбол на опуштањето. Комплетот од постелнина во шумски тонови на зелена боја даваат свежина на целата просторија. Декорацијата и деталите во нежна или светлозелена боја дава светлина и чувство на мир. Оваа боја им помага на луѓето да се соединат со природата и да уживаат во емоционалниот баланс.

 

Жолта постелнина

 

Боја која носи среќа и добро расположение. Која било нијанса на жолтата боја ќе направи да се чувствувате пријатно и удобно во вашиот кревет.

 

Црвена постелнина

 

Како што веќе е познато, црвената е симбол на страста, па така и црвената постелнина внесува динамика и страст во вашата спална соба.

 

Црна постелнина

 

Љубителите на елеганцијата без размислување ќе ја одберат црната постелнина за на својот кревет, која е истовремено класична и софистицирана.

 

Кафена постелнина

 

Постелнината во кафени нијанси дава чувство на комфор и стабилност, а најпрепорачливи се светлокафените нијанси.

 

Сива постелнина

 

Сет постелнина во сива боја одлично ќе се вклопи со сите детали во која било друга боја. Освен тоа, оваа боја е елегантна и неутрална.

 

Портокалова постелнина

 

Одличен избор е ако сакате да додадете позитивнно и енергично влијание во својата соба.

 

Виолетова постелнина

 

Внесува шарм во вашето омилено гнездо за одморање.

 

Розева постелнина

 

Доколку изберете кревет со нијанси на розево бидете сигурни дека вашата спална соба ќе биде модерна, романтична и во знакот на љубовта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi