НЕ ФРЛАЈТЕ ПАРИ НА СКАПИ И ОПАСНИ ОСВЕЖУВАЧИ Зголемете ја влажноста во домот со едноставен трик

26 јануари, 20220
Screenshot_7

Многу е важно воздухот да не е сув и тежок, туку влажен

 

Во зимските денови во повеќето домови не се отвораат прозорците поради греењето. Исто така, грејната сезона доведува до дехидрација на воздухот, што може да биде причина за многу респираторни проблеми.

 

Затоа е многу важно воздухот да не е сув и тежок, туку влажен. Иако постојат различни апарати кои можат да го направат тоа, влажноста може да се постигне на поедноставни начини.

 

Најлесен начин да постигнете влажност е да ставите мало керамичко тенџере во кое сте полиле вода на радијаторот.

Доколку немате соодветен сад, можете да ставите и обична чаша со вода.

 

Доколку сакате и да го освежите воздухот, во водата додајте неколку капки есенцијално масло од лимон, еукалиптус, лаванда или нане.

 

Покрај овој едноставен трик со сад со вода, може да помогне и памучна крпа натопена во вода, која само ја ставате на топол радијатор.

 

Доколку имате дневна соба која е поврзана со кујната, тогаш толку голем простор можете да го освежите со помош на шпорет.

Истурете вода во тенџерето, додадете кришки лимон и портокал и оставете го на тивок оган да се крчка кога ќе зоврие.

 

Пареата ќе ја подигне влажноста на воздухот, а мирисот на цитрус ќе ве расположи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi