Како да изгубите 8 килограми за 14 дена? Клучно е да ги исфрлите овие две намирници од вашата исхрана!

popara29 јуни, 20221min00
Salo-2048x1361

Најважно е да го ограничите дневниот внес на „погрешни“ калории

Не е лесно да се започне диета, а уште потешко е да се биде дисциплиниран и да се издржат сите тешкотии до крај.

Од друга страна, треба да бидете реални и да разберете дека вишокот килограми нема да исчезнат преку ноќ како и дека треба да работите напорно за да ослабете.

Се разбира, тоа не значи дека не треба да се обидувате да изгубите тежина.

А според американскиот нутриционист Хорхе Круз, патот до витката линија е едноставен – се што треба да направите е да го намалите внесот на јаглени хидрати и шеќер.

Круз смета дека главната причина за дебелината не лежи во количината на внесени калории, туку во количината на „погрешни“ калории што ги внесуваме секој ден.

Кои се „погрешните“ калории?

Проблемот настанува кога јадеме храна која се претвора во шеќери, а тоа се јаглехидратите. Значи, се се сведува на лачењето на инсулин и неговата улога во процесот на слабеење. Колку повеќе шеќер внесуваме во телото, толку е поголемо лачењето на инсулин, хормон кој го спречува претворањето на масните наслаги во енергија.

И со тоа килограмите се таложат.

Доколку ги исфрлите јаглехидратите и шеќерот од исхраната, можно е да изгубите и до 8 килограми за 2 недели, тврди тој. Предлага да се воведе урамнотежена исхрана, што значи во текот на еден ден да имаме 3 главни оброци и 2 ужинки.

Ова ќе го забрза метаболизмот.

Практично нема строги ограничувања на порциите во оваа диета и нема чувство на глад. Ова правило важи за сите намирници, освен за оние кои имаат „погрешни“ калории, или се богати со јаглехидрати и шеќери.

Дозволениот внес на овие „погрешни“ намирници е до 100 g дневно.

Елиминирајте ја храната која е богата со заситени масти и почнете да јадете повеќе храна богата со влакна и протеини.