Како да препознаете и избегнете „празни калории“: Совети од фитнес тренер за фит фигура

popara28 октомври, 20221min00
covek-jede-slatkise-830x0

Секој кој сака да се храни здраво и да изгледа во форма, треба да внимава на храната која секојдневно ја внесува во своето тело. Бидејќи, освен што влијае на изгледот, храната е директно поврзана со нашето здравје и нивото на енергија.

Но, во денешно време има се повеќе намирници кои се богати со таканаречени празни калории, кои многумина погрешно ги толкуваат, класифицувајќи ги таквите производи како неутрални.

– „Празните калории“ се застапени во сите пакувани производи, а најчесто тоа се кондиторски производи, алкохол, газирани пијалоци и сокови – вели фитнес тренерот Никола Кргиќ.

– На производите кои содржат таканаречени празни калории им недостасуваат есенцијални витамини и минерали. Зборуваме за нутритивно сиромашна храна која создава само вишок килограми, дури и ако сте физички активни и редовно одите на тренинзи.

Според инструкторот, единствен начин да се препознае храната со „празни калории“ е да се прочита составот и да се види дали има додадени шеќери, вештачки засладувачи, слатки сирупи и масти кои можат да предизвикаат дигестивни проблеми.

Урамнотежената исхрана, истакнува Кргиќ, е единственото решение:

– Оваа диета вклучува храна која му е потребна на организмот за нормално функционирање, а најголем дел од дневните калории треба да потекнуваат од свежо овошје и зеленчук, житарки од цели зрна, немасно месо и здрави масти.

Што, освен фит фигура, жртвуваме ако исхраната ја базираме на храна со „празни калории“?

– Без урамнотежена исхрана и тренинзи, телото станува поподложно на болести, намален имунитет, замор, метаболички синдром и дебелина. Вистина е дека подеднакво ни е достапна и нездравата храна полна со „празни калории“, како и здравата храна која му е потребна на нашиот организам. Која од тие две групи ќе ја избереме зависи само од нас. Важно е да се донесе правилна одлука пред уживањето во „празни калории“ да почне да го прави своето – заклучува фитнес инструкторот.