
ОВЕН
Полни сте со оптимизам и ентузијазам, така што малку губите реална слика за можностите што ве чекаат. Големите планови и амбиции можат да бидат запрени со неочекувано неповолни одлуки на надлежните кои од самиот почеток ја исклучуваат вашата идеја.
БИК
Денот го започнувате со добро расположение, полни со енергија. Добрите вести и поволното опкружување ве исполнуваат со оптимизам. Сепак, без разлика на доброто чувство што го имате, подгответе се за евентуалната непријатност што ве очекува навечер.
БЛИЗНАЦИ
Денеска сте изложени на ризик од повреда. Вистинската причина за тоа е потиснатиот гнев, кој може да ве доведе до ситуација да направите превид и да предизвикате поголема штета. Покрај тоа, избегнувајте службеници, како и луѓе во униформи.
РАК
Целото ваше внимание е насочено кон проблематичната ситуација која се случува во вашиот семеен круг. Кулминацијата на сè пристигнува денес, а добрата вест е што решението е едноставно и поволно за вас. По големите турбуленции, претстои големо олеснување.
ЛАВ
Нема шанси да ја постигнете целта што сте ја поставиле пред некое време. Ситуацијата неочекувано се менува, сè укажува дека неповолните вести ќе ги одложат одамна подготвените планови. Не губете надеж, наскоро доаѓа уште подобра понуда.
ДЕВИЦА
Ја преувеличувате својата улога во сè. Свесни сте за своите квалитети, па сегашниот занес ве наведува да верувате дека сте безгрешни. Покрај тоа, вие сте нагласено романтични, па ова е денот кога, можеби, вашиот партнер најмногу ќе ужива во се.
ВАГА
Настанот на денот може да биде конструктивна дискусија каде што ќе бидете вовлечени во соработници за кои не сте знаеле дека се на ваша страна. Во исто време, поддршката доаѓа од саканата личност, па на вашиот оптимизам и добро расположение нема крај.
ШКОРПИЈА
Принудени сте да чувате туѓи тајни, а тоа ви е тешко. Свесни сте дека решението за нечиј проблем е едноставно, но не сте во позиција да се мешате. Бидете трпеливи, бидејќи и да зборувате, никој не би ве сфатил сериозно.
СТРЕЛЕЦ
Се обидувате да внесете иновации во вашиот бизнис за кои размислувате долго време. Чекате погоден момент за да им дадете предлог за тоа на луѓето кои се одговорни за тоа. Не смеете да чекате премногу, преземете иницијатива и naјавете го разговорот.
ЈАРЕЦ
Ангажирани сте на многу начини. Без разлика што работите напорно, уживате. Грижете се за вашата физичка кондиција, бидејќи неуредниот живот и уморот си го земаат данокот. Ако не престанете, ве очекува сериозен пад на енергијата и настинка.
ВОДОЛИЈА
Нешто важно на што сте работеле добива нова форма. Инсистирањето на подобрување на комуникацијата може привремено да ви го одвлече вниманието и да ве натера да направите превид во важен момент. Бидете внимателни во сообраќајот, особено ако сте возач.
РИБА
Малку сте уморни од интензивното дружење кое партнерот ви го наметнува во последно време. После одлични настани, искуства и забава, потребен ви е заслужен одмор. Не двоумете се, кажете му на вашиот партнер.