Камерите го фатија заљубениот Бен Афлек додека Џенифер држи говор: Не ја симна насмевката од лицето (ВИДЕО)

popara24 март, 20221min00
Screenshot_7

Камерите го фатија Бен Афлек како гордо гледа на бината каде што неговата девојка Џенифер Лопез држеше говор по добивањето на наградата Икона на iHeartRadio Awards.

 

 

 

Афлек дојде на церемонијата на доделување со неговиот десетгодишен син Семјуел и 14-годишната ќерка на Џенифер, Ема. Додека Лопез беше на сцената, Афлек нежно ја гледаше со насмевка на лицето, а тој и децата гласно и аплаудираа.

Лопез, која носеше заводлив фустан во маслинесто зелена боја, ја доби наградата од LL Cool J, со кого соработуваше на снимањето на песните All I Have и Control Myself.

„Навистина, навистина, навистина го ценам ова. Би сакала да можам да ви кажам дека наградите ми се најважни, но тоа не е вистина. Немојте да мислите дека затоа не ги ценам таквите светкави работи, бидејќи го ценам тоа. Не можам да лажам, сите знаат дека го ценам тоа. Но, не.Го правам ова за нив, тие не ми се најважното нешто. Навистина го правам ова за вас“, рече таа.

„Поради вас имам можност да го работам она што најмногу го сакам и тоа е мојот најголем благослов. Тоа е подарок што ми го подаривте, сакам да ви се заблагодарам за тоа. Ви благодарам на сите што дојдовте на мојот концерт, стримувате некои од моите песни, го гледате мојот филм или ме следите на социјалните мрежи“, додаде таа.

 

Заклучила дека обожавателите и дале можност да живее се за што сонувала додека раснела во Бронкс.

 

Таа додаде дека за неа ICON е кратенка за „Јас можам да ја надминам негативноста“, и заклучила: „Туку што почнав“.

 

Афлек и таа беа во врска од средината на 2002 година до почетокот на 2004 година, а свршувачката ја раскинаа непосредно пред свадбата. Минатата година во април тие ја обновија врската. Лопез ги има близнаците Ема и Максимилијан со поранешниот сопруг Марко Ентони, додека Афлек ги има ќерките Вајолет (16) и Серафина (13) и синот Семјуел со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.