Сјајната здрава и негувана кожа, без акни и флеки, никогаш не била поблиску! МАСКАТА ОД КУРКУМА Е ЧУДО

24 март, 20220
Screenshot_6

Куркумата е супер моќен зачин што доаѓа од Индија, познат е по многуте лековити својства, а последниве години и ние научивме да го користиме во готвењето. Истражувањата ги потврдуваат лековитите својства и ефектите на куркумата се поочигледни, но знаете ли дека овој зачин не е популарен само во кујната, туку и како состојка за нега и чистење на кожата.

 

 

 

Медицинските својства на овој зачин се откривале со векови, меѓу другото откриено е дека куркумата има силни антивоспалителни својства, што значи дека е совршен во борбата против акните и слични воспаленија на кожата.

 

Во тој контекст еве една златна маска од Индија на база на куркума, која е идеална за секој тип на кожа и за секој проблем што се појавува на неа. Најефективна е во отстранување на дамки и лузни од акни и митесери. Исто така, помага да се спречи ширењето на инфекции по истиснување на акните и митесерите, намалувајќи ги лузните и хиперпигментацијата. Покрај тоа, куркумата го успорува стареењето, ја стимулира циркулацијата, помага во одржувањето на здравиот тен и го намалува црвенилото.

 

Основна состојка за маската се куркумата и јогуртот, а во зависност од типот на кожата, можете да додадете состојки по желба, на пример, мед, масло (маслиново, кокосово или бадемово) или алое вера. Се мешаат исто количество на куркума и јогурт, на пример две лажици куркума со две лажици јогурт. Во некои рецепти за маската може да видите дека се додава и брашно од ориз или леблебија, количински една лажица. Маската ја нанесувате на вообичаен начин – на чиста кожа, се држи 20 минути и потоа се мие лицето со млака вода. Оваа маска за разлика од останатите може да ја нанесете и под очите, бидејќи помага во отстранување на темните дамки. Важно е маската прво да ја нанесете на мал дел од лицето, како тест со кој ќе проверите дали сте алергични на куркума.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi