Кожата на лицето ќе ви биде СОВРШЕНА: На овој начин можете да го покриете СЕКОЕ мозолче

popara2 октомври, 20221min00
Screenshot_2

Оваа метода навистина функционира и луѓето во коментари не го кријат своето воодушевување. Ако си неко кој има акни и има денови кога едноставно сака во потполност и што подобро да ги сокрие, мораш да го знаеш овој метод.

 

 

 

Постојат вистински и погрешни начини на кои можеш да се нашминкаш ако имаш акни или мозолчиња. Некои начини на шминкање ќе работат против тебе и всушност ќе направат сите тие неправилности да бидат уште повидливи. Но, тоа е затоа што користиш погрешни производи за шминкање и погрешен метод на шминкање. Познатата ТикТокерка која е заљубена во шминкањето, Микајла, сподели метод кој стана вирален, бидејќи како што сите пишуваат во коментари, навистина функционира. Девојките кои имаат мозолчиња и акни знаат дека не е толку лесно да се прикријат и дека само да се стави пудра нема секогаш да биде најуспешна техника.

 

Таа ова го нарече „леплив метод“. Поентата е да користиш подлога и прајмер што ќе ја направи кожата леплива, дури и пред да се нашминкате. Не мора да ги користите истите како неа, важно е само да го имаат тој ефект.

@mikaylanogueira

HOW TO PERFECTLY COVER ACNE USING THE STICKY METHOD 😳👌🏻 #makeup #beauty #acne #acnecoverage

♬ original sound – Mikayla Nogueira

Знаеш дека користиш добри производи, ако по овој прв чекор вашите прсти помалку се лепат за лицето кога полека се суши. Првата шминка која ја става е мат коректор. Важно е основата да е леплива за да се залепи што подобро на кожата. А, потоа треба да ставите коректор на секое мозолче што го имате на лицето. Потоа почекај да се исуши малку, а под „малку“, таа мисли на период од 2 до 5 минути. Таа препорачува дека најдобро е да се користи четка за нанесување на овој производ. И немојте ниту случајно да почнете да го блендате коректорот кој сте го ставиле. Кога вашиот коректор ќе се исуши, треба да нанесете пудра со сунѓерче. Не повлекувајте, туку тапкајте! И секако, најдобро е да користите пудра која добро прекрива. Ти останува само да ја завршиш шминката како вообичаено, а потоа нема да има ни „м“ од мозолчињата.