Топла, крцкава и готова за 4 минути: ПРЖЕНА гибаница е сѐ што ви треба денес!

popara2 октомври, 20221min00
Screenshot_1

Нешто ново и оригинално.

 

 

 

Сакате брза, сочна и лесна пита?

 

Зошто да не направите пржена гибаница?

 

Ќе ви одземе минимум време, а вкусот е фантастичен.

 

Пробајте и уверете се сами!

 

 

 

Состојки:

 

  • потенки готови кори
  • 200 гр фета сирење
  • 2 јајца
  • 100 мл јогурт
  • малку прашок за пециво
  • масло

 

Подготовка:

 

Изронете го сирењето, додадете јајца, јогурт, малку масло и прашок за пециво.

 

Едната кора премачкајте ја со филот, преклопете ја на половина, па повторно премачкајте ја, па свиткајте ја во поширок ролат.

 

Пржете на масло додека не порумени и извадете ја на хартиена крпа.