КОЖАТА НЕ ЗАБОРАВА: Зошто е важно да ја вадите шминката пред спиење, колку и да сте уморни?

18 јануари, 20220
Njega-koze

Отстранувањето на шминката пред спиење понекогаш може да изгледа како застрашувачка задача, особено по напорниот ден, но важно е да се соочите со вистинските последици и да знаете што се случува со вашата кожа кога ќе го прескокнете тој чекор. Имено, многу производи за шминкање содржат состојки како силикон кој ги затнува порите. Ако сте склони кон акни, затнатите пори дефинитивно ќе го поттикнат нивниот развој, а во „најсреќното“ сценарио вашата кожа ќе има нерамна текстура.

Запушените пори го спречуваат и ослободувањето на природниот себум, кој освен акни, може да предизвика и зголемени пори.

Прескокнувањето на вечерната нега на кожата на лицето, исто така, доведува до забрзано стареење на кожата бидејќи шминката може да ја задржи нечистотијата од околината и слободните радикали кои ги оштетуваат клетките на кожата, вклучувајќи го и колагенот. Дополнително, кожата повеќе ќе се исуши, што ќе придонесе за нејзино стареење и создавање на нови брчки и продлабочување на постоечките.

Kako podići raspoloženje tijekom siječnja

Друг несакан ефект за кој придонесува небришењето шминка е безживотен и уморен изглед и нерамномерен тон на кожата. Посебно е важно да ја отстраниме шминката што ја нанесуваме околу очите, која може да предизвика разни инфекции, но и прекумерно опаѓање на трепките.

За време на спиењето се случува најефективното обновување на клетките на целото тело, вклучувајќи го и нашиот најголем орган – кожата. Со тоа што не ја отстранувате шминката, го спречувате овој природен процес, во кој вашето тело ја врши работата за вас што козметичките производи треба само да ја надополнуваат, а не да ја уназадуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi