Креветот е поврзан со душевната состојба на личноста? Дали го местите или не кажува многу за вашиот карактер!

popara2 септември, 20221min00

Студијата на 68.000 луѓе откри дека повеќе од половина, поточно 59 отсто, не го средуваат креветот кога ќе се разбудат. Само 27 отсто ја имаат оваа навика, а останатите 12 отсто велат дека некој друг во домаќинството го прави тоа наместо нив.

Според Psychology Today, некои сметаат дека тоа е непотребна обврска која нема многу смисла бидејќи на крајот од денот повторно ќе си легнат, некои искрено признаваат дека едноставно не им се допаѓа, а други велат дека немаат време затоа што секогаш се успиваат и брзаат штом ги отворат очите.

Од друга страна, оние кои ја прифатиле оваа навика сакаат кога се е уредно, а навиката ја носат уште од детството.

Експертите велат дека ваквата мала навика има многу добри страни и кажува многу за луѓето кои ја практикуваат секојдневно. Прво, оние кои го прават тоа веднаш по будењето се чувствуваат корисни затоа што ја завршиле својата прва задача во денот.

Некои експерти тврдат дека креветот укажува на душевната состојба на човекот – уреден кревет, уреден ум и обратно. Луѓето кои редовно го местат креветот по будењето сакаат да го имаат животот под контрола, а креветот е само една од работите што им го дава тоа чувство.