
Времето кога го земате лекот е од клучно значење
Не е доволно само да одите на лекар и да ја добиете вистинската терапија, бидејќи времето кога треба да го земате лекот е од клучно значење.
А многумина не го знаат тоа.
Д-р Нима Милеси, директорка за медицинска токсикологија во Универзитетската болница Стејтен Ајленд, откри кога треба да ги земате лековите за крвен притисок и холестерол. И можеби ќе бидете изненадени!
Можно е и вие да ги пиете овие лекови веднаш штом ќе станете, за да не заборавите и да „ја завршите“ за таа обврска за тој ден. Но, тоа е голема грешка!

– Антихипертензивите како што се бета блокаторите или блокаторите на калциумовите канали даваат благотворно дејство доколку се земаат навечер. Но, ако ги пиете наутро, може да доживеете несакан ефект на замор и исцрпеност, кој ќе ве следи во текот на целото утро – изјави д-р Милеси.
– Лековите против холестерол имаат подобар ефект ако се земаат навечер, бидејќи се верува дека најголемиот дел од холестеролот во организмот се формира и создава во раните утрински часови – објасни таа.