
Еве како аналниот однос може да предизвика здравствени проблеми, внимавајте!
Вечна табу тема кај младите, покрај другите сексуални теми, е и аналниот однос. Кога е време за него и дали е воопшто „здрав“?
Често гледано во филмовите за возрасни, а земајќи го во предвид и најновиот тренд во кој идеалната жена се карактеризира со голем задник, за мажите аналниот секс веќе не е фантазија, туку реално очекување во врската со партнерката. Сепак, се зависи од поединецот. Некои жени уживаат, додека други сметаат дека е болно и стресно искуство, но за да му угодат на партнерот, сепак се согласуваат со тоа. Само во САД и Велика Британија, повеќе од четвртина од жените имале анален однос со својот партнер. А причините се различни: некои тоа го правеле само од љубопитност, други затоа што им се допаднало, а некои затоа што се чувствувале под притисок од партнерите.
Две докторки, Табита Гана и Лесли Хант, ги истакнаа негативните страни на аналниот секс и изјавија дека може да предизвика болка, крварење, инконтиненција и долготрајни повреди.
„Аналниот секс се пресели од светот на порнографијата во светот на медиумите“, истакнаа тие. „Па така, во некои популарни серии како „Сексот и градот“ или моментално актуелната „Еуфорија“, тој стана прифатлив“.
„Тоа веќе не се гледа како екстремно однесување во сексот, туку се прикажува како всушност посакувано и пријатно искуство“, објасни д-р Гана.
Аналниот однос е уште една работа што доведува до ризик од сексуално преносливи болести, бидејќи често се поврзува со консумирање алкохол, дрога, менување партнери и некористење кондоми.
Исто така, жените кои го користат почесто страдаат од инконтиненција, односно неволно „ослободување“ на урина, отколку мажите, додека според хирурзите повредите на анусот може да доведат до дополнителни проблеми.
Затоа е важно да разговарате со партнерот пред да влезете во ваков тип на однос, но и да се едуцирате доволно и да бидете добро подготвени. Ако сепак сте љубител на аналниот однос, погрижете се правилно да се подготвите.