Мажи, негата на косата е едноставна со само една состојка: Еве што треба да направите

4 мај, 20220
Screenshot_10

За разлика од жените кои поминуваат неколку часа пред огледалото во средување на косата, мажите не мора да се трудат премногу околу тоа.

 

 

Но, убава и здрава коса значи и редовна нега.

 

Едно од основните правила е да не се мие често, доволно е два-три пати неделно, а после шампонирање задолжително користете мелем бидејќи ќе биде помека и посјајна.

 

Ако мислите дека домашните третмани за нега на коса се наменети само за жени, се лажете. Она што може да ја „регенерира“ вашата коса е третманот со жолчки. Богат е со протеини и сулфур, а недостатокот на овој есенцијален минерал во телото може да предизвика зголемено опаѓање на косата, првут и кршење на косата.

 

Половина час пред да ја измиете косата, изматете ги жолчките и масирајте го скалпот со кружни движења и нанесете на коренот. На овој начин жолчката длабоко навлегува под кожата и ги зајакнува фоликулите на косата. Оставете ја да отстои неколку минути, исплакнете ја косата со млака вода, а потоа измијте ја со шампон. Оваа постапка можете да ја повторите пред секое миење на косата, таа е едноставна, практична и мултиефикасна.

 

Колку и да се грижите за вашата коса, таа ќе изгледа неуредно, суво и испукано доколку не одите редовно на фризер. Независно од должината и текстурата, на мажите им се препорачува да се шишаат на секои четири до шест недели бидејќи со тоа се одржува здрав изглед и убава фризура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi