
Ако зелената салата досега не била често во вашето мени, време е да ја промените таа навика. Овој вкусен зеленчук е навистина многу здрав.
Ова се причините зошто треба да јадете зелена салата…
- Има малку калории и масти. Една чинија зелена салата содржи само 30 калории.
- Помага при слабеење. Зелената салата содржи доста растителни влакна. Покрај тоа што ќе ве заштити, зелената салата ќе ви го подобри и варењето. Исто така, влакната помагаат и при исфрлањето на солта од организмот.
- За здраво срце. Витаминот Ц и бета-каротенот во зелената салата заедно спречуваат оксидација на холестеролот.
- Содржи омега 3 масни киселини. Зелената салата има совршен однос на омега 3 и омега 6 масни киселини.
- Богата е со протеини. Дури 20 проценти од калориите во зелената салата потекнуваат од протеините.
- Овозможува мирен сон. Зелената салата ја содржи материјата лактукариум, која има својства слични на опиум, но без штетни ефекти.
- Го одржува оптимално нивото на киселост во организмот. Минералите во зелената салата помагаат во отстранувањето на токсини од организмот и го одржуваат оптимален балансот на киселоста. Ова е значително бидејќи доброто ниво на киселост му дава енергија на телото, му овозможува мирен сон и поволно влијае на кожата.
- Низок гликемиски индекс. Храната која има низок гликемиски индекс, како зелената салата, особено се препорачува за лицата кои имаат проблеми со шеќерот во крвта или оние кои сакаат да ослабат.
- Најчесто се јаде свежа. Зелената салата речиси секогаш ја јадеме свежа, па во организмот внесуваме многу лековити материи кои со термичката обработка би се уништиле.
- Има одличен вкус. И покрај тоа што нема многу калории, зелената салата во комбинација со разните преливи има феноменален вкус. Поради тоа, можете да уживате во сочната салата и на својот организам да му обезбедите многу корисни и здрави состојки.