Малиот ЏЕБ на фармерките има функција: Не е она што ПОВЕЌЕТО мислат, а може да ни послужи и сега

popara10 јуни, 20221min00
2823_clothes-line-1321543-1920_f

Дали знаете за што служи малиот џеб на фармерките?

На многу тексас фармерки, но и на други панталони, има мал џеб сместен во внатрешноста на десниот голем преден џеб. Веројатно некогаш сте се запрашале за што всушност служи.

Стив Џобс еднаш се пошегува дека џебот е направен со намера да се носи iPod во него. Што, се разбира, можеби не е точно со оглед на времето кога е направен iPod.

Основачот на компанијата Леви Штраус го знаел вистинскиот одговор. Во неговата изјава се наведува дека џебот на предната страна е направен кон крајот на 19 век и дека имал специфична намена. За време на златната треска, каубоите носеле џебни часовници во елеците и затоа често ги губеле или ги оштетувале.

Производителот на најпознатите фармерки тогаш дошол на идеја да направи џеб во кој ќе може да се чуваат часовниците, па така е создаден малиот џеб кој е внатре во големиот.

Ова било најдоброто место каде каубоите можеле да го стават својот часовник за да не се оштети, да не го изгубат и да им биде на дофат на раката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma