Поп-пејачката Мараја Кери доби многу критики на социјалните мрежи по нејзиниот настап на американската парада за Денот на благодарноста.
Самопрогласената „Кралица на Божиќ“ настапи на традиционалната парада за Денот на благодарноста што ја организира стоковната куќа „Macy’s“ секоја година на улиците на Менхетен, а пејачката се појави во прекрасен розов фустан со чадор и го испеа својот божиќен хит „All I Want For Christmas Is You“.
Корисниците на социјалните мрежи ја нападнаа затоа што пее на плејбек.
Обожавателите напишаа на социјалните мрежи дека Кери покажала ужасна енергија додека стоела „како даска“ за време на настапот, а потоа ја критикувале дека ја отварала устата несинхронизирано со плејбекот.
– Ќе помислите дека таа ќе ја усоврши синхронизацијата на усните со оваа песна откако ќе ја испее илјада пати. Ова е ужасно – напишал еден фан.
– Момци, ова не е шега. Мараја Кери е надвор од хибернација, бегајте, додаде друг.
„Принудени сме да ја слушаме нејзината песна за време на празниците. Дали навистина моравме да ја видиме како пее на плејбек и на парадата?“, „Тие сигурно се обидуваат да направат вирално меме со оглед на тоа колку камерата е блиску до нејзините усни. “, “Пеењето е толку комично!”, “Го сакам нејзиниот недостаток на енергија!” се само дел од коментарите кои го преплавија Твитер.