
Многу е евтинa и делотворна за лицето
Сега е вистинскиот момент да испробате алтернативни методи кои ќе ви помогнат да изгледате поздраво, поубаво и помладо.
Со оглед на тоа што скробот се покажа како доста ефикасен во „антиејџ“ козметичките препарати, можете да го користите дома.
Состојки:
– еден голем компир,
– брашно,
– вода.

Брашното од компири, односно густин, измешајте го со вода и загрејте додека не добиете густа смеса. На тоа можете да додадете било кој природен „препарат“, како моркови, природни сокови, мед…
Нанесете ја маската на лицето и држете ја околу 20 минути, а потоа измијте го лицето со оризова вода.
Резултатите ќе ги видите сами по неколку употреби.