
Секој го знае класичниот рецепт за чизкејк, но дали сте пробале да го испечете? Ако не, тогаш ве советуваме да пробате
Состојки:
За основата:
120 гр мелени бисквити
60 гр стопен путер
За фил:
350 гр свежо сирење
200 гр варено кондензирано млеко
2 јајца
60 гр пченкарен скроб
50 гр стопен путер
1 кесичка ванилин шеќер
прстофат сол
Подготовка:
Обложете кружен калап со отстранлив прстен со хартија за печење. За основата измешајте ги бисквитите и стопениот путер и стиснете ја смесата на дното на калапот.
Изронете го свежото сирење во сад, додадете ги јајцата, скробот, стопениот путер, солта, ванилиниот шеќер и вареното кондензирано млеко. Сè убаво измешајте со миксер. Со смесата прелијте ги бисквитите и печете во загреана рерна на 180 степени 45 минути. Украсете со растопено чоколадо по желба пред послужување.
Пријатно!