Моделот на венчаница на Грејс Кели ја претвора секоја девојка во принцеза: Тоа го знае и Наоми Бајден!

popara25 ноември, 20221min00
naomi-biden-grace-kelly-830x0

Најстарата внука на претседателот Бајден, Наоми Бајден, се омажи за Питер Нил во текот на викендот, а свадбените ѕвона одекнаа низ Белата куќа. Невестата носеше елегантна и софистицирана венчаница од модната куќа Ralph Lauren инспирирана од познатата венчаница на дивата Грејс Кели.

– Како и секое мало девојче, имав визија во мојата глава – тоа беше фустанот на Грејс Кели, кој го обожавав – рече таа за Vogue во ексклузивната свадбена програма која го покрива дигиталното издание јануари/февруари 2023 година, како што пренесува Popsugar.

Изработена од чипка Шантили, извезена со рачно поставени ливчиња од органза кои светкале на половината, ракавите и здолништето, венчаницата исто така се одликувала со високо деколте и нежна постава.

Фустанот секако потсетува на оној што Кели го избра за нејзината свадба во 1956 година, иако фустанот што го носеше Наоми немаше копчиња на градите.

Задолжителен превез од свилена органза, исполнет со слични детали од тантела, го комплетираше невестинскиот ансамбл заедно со бисерните обетки „тифани“. Под нејзиниот смарагден веренички прстен се наоѓал брилијантен свадбен прстен.

Нејзината шминка била минимална, со сјајни, розови усни. Таа ја собрала косата во безвременска, елегантна ниска пунџа со патец.

Јасно е зошто Наоми е една од многуте девојки кои фантазираат за венчаницата која Грејс Кели ја носеше кога се омажи за принцот Рение од Монако. Во него секоја девојка би се чувствувала како принцеза, а тоа чувство го следела и Кејт Мидлтон. Нејзината венчаница од Alexander McQueen исто така наликуваше на овој модел, иако имаше подлабоко деколте.

Фустанот на Грејс Кели го дизајнираше костимографката Хелен Роуз, добитничка на Оскар.

Фустанот целосно го прекривал деколтето со тантела, која продолжувала до половината. Здолништето било од свилена тафта со илјадници рачно зашиени бисери и имало вел долг три метри, а за таква екстраваганција биле потребни месеци за изработка.