ПОСЕДУВАТЕ ЛИ РОЛЕР ОД ЖАД? Знаете ли за што воопшто служи и како правилно се користи?

25 ноември, 20220
Valjak-od-zada

Иако со векови се користат во Кина, ролерите од жад за нега на кожата на лицето станаа актуелни на Запад само во последните неколку години. И додека некои се прашуваат дали овие фотогенични помагала се само маркетиншки трик, други се колнат во нивната ефикасност. Што точно се ролери од жад и како да ги користите?

Тие можат да бидат направени од жад, розов кварц или аметист, обично со еден поширок валјак и еден помал на спротивниот крај. Поголемиот ролер се користи за масажа на лицето, вратот и деколтето, додека помалиот е наменет за пределот околу очите и усните.

На нашата кожа има видливи знаци на замор, недостаток на сон, нездрава и нередовна исхрана. И иако не постои чудотворен лек кој ќе ги избрише од лицето, козметичките производи и алатки можат да помогнат да се намали нивниот ефект. Ролерите за масажа на лицето можат да ја стимулираат циркулацијата и лимфната дренажа, да ги релаксираат мускулите, да го намалат отокот и видливоста на тенките линии и да го подобрат тонот на кожата.

 Valjak od žada

За да имаат ефект, треба редовно да се користат, а ако мислиме дека немаме време да воведеме уште работи во нашата редовна рутина за нега, можеме да го земеме предвид времето додека гледаме телевизија, на пример.

Најдобро е да ги користите откако ќе го нанесете серумот на чиста кожа или додека носите маска за подобро да се апсорбираат препаратите. Каменот е ладен на допир, па ја освежува и смирува кожата. Треба да се тркала од средината на лицето кон надвор и нагоре за да се добие ефект на лифтинг, на секој дел од лицето најмалку три пати, но може и повеќе ако имаме волја и време. Ролерот не треба да се притиска на лицето, туку треба нежно да се помине преку кожата. По употреба, важно е да го исчистите ролерот и не заборавајте да го користите редовно за максимален ефект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi