Тотален хит од 3 состојки: Одличен сос од домати кој лесно ќе го направите, дури и ако не сте вешти во кујната

25 ноември, 20220
62426006

„Авторката на книги за готвење Марсела Хазан го промени начинот на кој Американците подготвуваат италијански рецепти, а сосот од домати е едно од нејзините наједноставни јадења“, го пофали „Њујорк тајмс“ јадењето кое илјадници луѓе го оценија како чиста петка.

Сосот е речиси неверојатно едноставен, па дури и оние кои имаат две леви раце во кујната лесно можат да го направат. Трикот е во путерот, на кој не треба да штедите, како и во висококвалитетните домати од конзерва. Ако имате домашни на полица, уште подобро!

Сосот е одличен со тестенини, њоки или ориз, а може да зготвите 500 гр тестенини според количината во рецептот. По желба, тестенините посипете ги со магдонос и пармезан.

Состојки:

800 гр пелати домати
75 гр путер
1 главица лук

Подготовка:

Излупете ја главата на лукот и пресечете ја на половина. Во тенџерето додадете ги доматите, путерот исечен на ситни парчиња и половините од лукот. Додадете прстофат или две сол.

Гответе непокриено на тивок оган околу 45 минути. Одвреме-навреме мешајте, со лажица здробете ги сите поголеми парчиња домат. Посолете по потреба.

Сварете ги тестенините или подгответе гарнир по желба и извадете го лукот. Прелијте ги тестенините со сосот и послужете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *