Сепак се враќа? Џони Деп повторно ќе го гледаме во неговата најлегендарна улога

25 ноември, 20220
f_27037281_1280

Актерот Џони Деп зад себе има големо актерско искуство, но многумина најмногу го паметат по улогата на шармантниот пират, капетанот Џек Спероу во франшизата „Пиратите од Карибите“. Оваа улога го одбележа, а Џек сè уште ги радува своите обожаватели, особено најмладите, кои ги посетува во болниците и домовите, облечен во костимот на познатиот капетан.

Судскиот процес против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која го обвини за злоупотреба, го чинеше бројни улоги и ангажмани, но по победата на суд, режисерите и продуцентите повторно се интересираат за него.

Веќе некое време се шпекулира дека Деп повторно ќе го игра Спероу, но во нова верзија на Pirates која треба повеќе да се фокусира на женските ликови. Неговата колешка Маргот Роби, која требаше да ја има главната улога во филмот, неодамна изјави дека ништо нема да излезе од целата приказна бидејќи Дизни го откажа снимањето на филмот.

Сепак, според новите информации на странските медиуми, Деп веќе е закажан за пробно снимање во Велика Британија следната година. Деп го играше капетанот на пиратите во сите пет продолженија, од кои последно беше „Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales“ од 2017 година.

image

Неоткриени извори открија за The Sun дека снимањето треба да започне во февруари на најстрого тајна локација и дека работниот наслов на филмот е „A Day At The Sea“.

„Се е во рана фаза и сè уште нема режисер на проектот. Се очекува Џони да направи пробно снимање на почетокот на февруари пред да започне целосното производство“, рече изворот, додавајќи дека Брус Хендрикс, кој работел на првите три филмови е именуван за извршен продуцент.

„Целиот проект е обвиткан во мистерија и Дизни сака да држи сè под тајност најдобро што можат“, изјави извор за The Sun. Иако Деп за време на неговото сведочење во тужбата за Херд рече дека повеќе нема да работи со Дизни, дури и ако му понудат плата од 300 милиони долари, тој може да има ненадејна промена на мислењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi