Најдобриот божиќен маркет за 2022 година се наоѓа во Будимпешта

18 ноември, 20220
676

Според „European Best Destination“, најпосетуваниот туристички сајт во Европа, кој соработува со над 300 туристички организации, Будимпешта веќе ја презеде титулата за најдобра божиќна дестинација во Европа во 2022 година.

Главната причина поради која оваа награда отиде во Будимпешта е Божиќниот пазар, кој годинава се отвора денеска, 18-ти ноември, а трае до 1-ви јануари 2023 година.

Будимпешта е омилена дестинација за туристите, а станува особено магично за Нова година, кога целиот град се претвора во зимска бајка, а речиси и да нема агенција која не нуди аранжмани за популарната дестинација.

Слоганот на овогодинешниот Божиќен пазар е „Во љубов и безбедност“ и со тој слоган се отвора божиќната прослава пред базиликата Свети Стефан. Тоа е најпопуларниот божиќен пазар во Будимпешта, каде што повеќе од 100 претприемачи и гастрономски продавачи во традиционални куќички нудат популарни унгарски јадења, украси и ракотворби, како и бројни оригинални подароци.

Вториот божиќен пазар исто така се наоѓа во центарот на Будимпешта, на плоштадот Верешмарти. Речиси два месеци, цела Будимпешта е обвиена со мирис на медењаци, нивниот традиционален „оџак“ колач, печени костени, штрудла од афион, а се што ви треба е шолја популарно варено вино за загревање.

Врвот на вечерта е лајт шоуто кое секојдневно се проектира на фасадата на базиликата Свети Стефан. Годинава целиот град ќе биде украсен со над сто илјади светилки, а организаторите очекуваат голем број туристи благодарение на богатата придружна програма која вклучува бројни концерти и настапи на отворено.

Ќе бидат отворени и голем број лизгалишта низ Будимпешта. Најпознатото лизгалиште е она во Варошлигет, кое се наоѓа во подножјето на големиот барокен замок Вајдахунџад, најголемиот во Европа. Лизгањето под ѕвездите е незаборавно искуство кое можете да го завршите со прошетка низ замокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *