Култната хумористична серија „That 70’s Show“ го добива своето продолжение, а најголемиот дел од оригиналната актерска екипа се враќа на малите екрани во новата сезона на серијата наречена „That 90’s Show“.
Тофер Грејс, Лора Препон, Ештон Качер, Мила Кунис и Вилмер Валдерама се подготвени за новите/старите актерски потфати, повторно играјќи ги нивните ликови од оригиналната серија.
Единствениот член од главната актерска екипа што не се враќа во новото продолжение е Дени Мастерсон, кој го играше Хајд. Мастерсон моментално се подготвува за судење за повеќе обвиненија за сексуален напад.
Како што беше претходно најавено, и Куртвуд Смит и Дебра Џо Руп треба да ги реинтерпретираат улогите на Ред и Кити Форман.
На стариот тим ќе им се придружат новите актери Ешли Ауфдерхајде, Кали Хаверда, Мејс Коронел, Максвел Аси Донован, Рејн Дои и Сем Морелос.
Во новата сезона поставена во 1995 година, Леја Форман (Хаверда), ќерката на Ерика (Грејс) и Дон (Препон), ги посетува нејзините баба и дедо во лето, каде што се зближуваат со новата генерација популарни деца, но под будното око на Кити и Ред…
Култното шоу дебитираше на Фокс во 1998 година и траеше осум сезони со вкупно емитувани 200 епизоди.
Креаторите на оригиналната серија Бони и Тери Тарнер и нивната ќерка Линдзи овојпат ќе блеснат во улогата на сценаристи и извршни продуценти.
Оваа незаборавна хумористична серија ќе започне да се емитува во 10 епизоди на платформата Нетфликс, а допрва ќе видиме какви глупости планира новата генерација на ликови.