НА ПРВИОТ СОСТАНОК МОРА ДА ГО ПОСТАВИТЕ ОВА ПРАШАЊЕ: Веднаш ќе знаете со кого си имате работа

20 март, 20220
Screenshot 2022-03-20 221522

Даниел Аткин, психолог и се попопуларен ТикТокер, го откри најдобриот начин да ги спречи идните разочарувања со новиот партнер.

Почетокот на секоја врска е бајковит, особено на првата средба. Кога сме заљубени, природно е да не забележуваме знаци на тревога, но според психолозите тоа може да ни донесе многу болка во иднина. Отворено прашајте ги зошто и како завршила нивната претходна врска.

– Мора да откриете што тргнало наопаку во нивната љубовна врска – вели психологот и додава дека она што ќе го одговори е подобро и попрецизно прикажување на нивниот вистински карактер отколку начинот на кој тие се опишуваат и претставуваат. – Луѓето имаат тенденција да се претстават во најдобро светло на почетокот на врската – заклучува Аткин, а одговорите на овие прашања можат да ви дадат пореален увид за тоа со каква личност започнувате врска.

На многу негови следбеници ова им се чини дека е вистина. Една од следбеничките на Аткин напишала: “Мојот поранешен рече дека неговата поранешна девојка го обвинила за неверство, па раскинале. Очигледно беше во право бидејќи тој подоцна ме изневери”. Друга следбеничка коментирала: „Посакувам да го направев тоа… И двајцата мои бивши се маскирани нарцисоидни луѓе и тоа што ми го направија мене, го направиле буквално на секој од нивните партнери“.

– Да, јас го направив тоа! И рече дека девојките му раскинале бидејќи не им посветувал доволно време.

Токму тоа е причината поради која вчера раскинав со него – напиша следбеничка која очигледно штотуку станала сингл. Сепак, на некои од следбениците им го привлече вниманието фактот дека партнерите може да излажат во одговорот на такво прашање, како на пример еден кој напишал: „Никогаш нема да бидат искрени за тоа. Ќе лажат! Но запомнете ги деталите и прашајте ги повторно за тоа за два месеци“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi