
Супстанца која се наоѓа во нашето тело и е слична на мастите е холестеролот. Но, може да биде и покачен, што не е добро за здравјето на организмот, а најчеста причина е нездравиот начин на живот.
Лошите масти може да се најдат во различни намирници, како на пр пржена храна, масна, преработена и др. Можеби оваа храна предизвикува поголема концентрација на липопротеин со ниска густина LDL („лош холестерол“). Исто така, пушењето го намалува HDL или „добриот холестерол“.
Јаболка
Поговорката дека едно јаболко го држи човекот подалеку од докторот е всушност многу точна. Ова овошје е корисно за потиснување на ризикот од развој на срцеви заболувања, како и за намалување на холестеролот. Јаболкото има 4 грама влакна, кои можат да помогнат во намалување на нивото на холестерол во телото. Само едно јаболко на ден може да намали до 40 проценти од LDL.
Домати
Доколку сакате тестенини, би било одлично да послужите со нив и сос од домати, кој ќе ви го држи холестеролот под контрола. Ова растение е одличен избор на ликопен кој го намалува нивото на ЛДЛ во организмот.

Зелен и црн чај
Овие два чаеви се одлични за намалување на холестеролот. Така, црниот чај се прави од целосно ферментирани лисја на растението Camellia sinensis, додека зелениот чај е направен од неферментирани лисја од истото растение. Така, истражувачите веруваат дека катехините кои се наоѓаат во чајот се одговорни за намалување на холестеролот во крвта.
Малини
Малините содржат полифеноли кои му даваат светла боја на бобинката, а во врска со тоа го намалуваат нивото на ЛДЛ и го зголемуваат нивото на ХДЛ.