Скријте ги трагите од непроспиената ноќ: Овие совети од професионални шминкери ќе ви помогнат вашето лице да заблеска

popara3 април, 20221min00
Screenshot_1

Ништо полошо од уморно лице

 

 

Прво и основно, штом ќе станете од креветот, измијте се со што е можно поладна вода – тоа ќе ве разбуди вас и вашата кожа. Исто така, студената вода ќе ви врати малку руменило на кожата, па ќе изгледате побудно.

 

 

Погрешниот избор на шминка на уморно и отечено лице може само да направи да изгледате уште поисцрпено и постаро. Експертите советуваат дека со розови тонови можете да постигнете свеж и одморен изглед на најдобар и најбрз начин.

 

Нанесете пудра и покријте ги малите несовршености со коректор. Откако ќе нанесете течна пудра или камена пудра, нанесете руменило на лицето.

 

Иако можете да се одлучите за која било нијанса на розово руменило, шминкерите препорачуваат да се одлучите за корална нијанса, која е апсолутен хит оваа пролет.

 

За да направите вашето лице навистина да блесне, пожелно е да користите две нијанси на руменило. Нанесете посветла нијанса на розово руменило на јаготките, а малку потемни нијанси нанесете по рабовите на лицето.

 

За целосно отстранување на заморот, нанесете сенки од светли и ведри нијанси на очите.

 

Дури и ако немате време да нанесете маскара, свиткајте ги трепките со виткач – очите ќе ви изгледаат поотворени, па веднаш ќе изгледате побудно и свежо.

Кога сте уморни, вашата кожа изгледа бледо. Одличен начин за брзо решавање на овој „проблем“ е бронзерот, кој ќе и го врати сјајот на кожата. Нанесете го по линијата на косата, образите и вилицата во форма на број 3, за да изгледате што поприродно. Користете чиста четка за да го отстраните вишокот бронзер за да избегнете премногу сјај.