Никогаш повеќе нема да погрешите: Три докажани начини СЕКОГАШ да изберете зрела и слатка ЛУБЕНИЦА!

28 јуни, 20220
Lubenica-1

Треба да обрнете посебно внимание на неколку детали

Тешко дека има подобар начин за освежување од голема, сочна лубеница.

Исто така, нема ништо полошо од тоа кога ќе ја исечете и ќе сфатите дека не е ниту зрела ниту слатка.

Секој има своја теорија за изборот на совршена лубеница.

Ви предлагаме три супер трикови кои ќе ви помогнат никогаш повеќе да не погрешите при изборот на лубеница.

  1. Жолтеникава дамка

Дали забележавте дамка на површината на лубеницата? Го претставува местото каде што лежел плодот на земја за време на созревањето.

Најзрелите лубеници имаат жолтеникава дамка, додека оние со бела или светло зелена боја треба да се избегнуваат бидејќи се собрани пред да созреат.

Не купувајте лубеница која нема дамка на површината.

  1. Погледнете го стебленцето

Потоа обрнете внимание на дршката. Кај свежата лубеница стебленцето е зелено, а кај оние кои долго стоеле е малку суво и жолтеникаво.

  1. Звукот е клучен

Последниот чекор е тестот со „чукање“. Удрете ја лубеницата и внимавајте на звукот – ако „ѕвони“ и се чини дека малку одекнува, речиси е сигурно дека лубеницата е зрела и слатка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi