Овој ритуал се состои од три чекори
Крајот на старата година и почетокот на новата година е идеално време да ја оставите сета лоша енергија зад себе и да запловите со чиста душа во сето добро што ви го носи иднината.
Таа иста иднина, ја обликувате вие самите, па зошто да не ја започнете годината со исполнување на една голема желба?
Едно верување вели дека овој мал ритуал привлекува добра и позитивна енергија што овозможува она што сте го замислиле да се случи.
Ритуалот се изведува во три многу едноставни чекори, а потребно е навистина да верувате дека ќе се оствари она што сте го посакувале.
- Бидете искрени и донесете одлука – кои се вашите вистински и најголеми желби. Секоја желба мора да биде реална, да не содржи ништо негативно или да нанесува штета на некого. Кога ги запишувате вашите желби, запишете ги во сегашно време, како да се веќе тука, исполнети, а вие уживате во нив.
- Откако ќе запишете сè, за секоја од желбите изберете слика што го персонифицира сонот. Тоа може да бидат фотографии, исечоци од весници или позитивни афирмации. Методот на визуелизација (замислување дека веќе го гледате она што го сакате пред вас) ќе ви помогне да останете на вистинскиот пат додека сите ваши соништа не станат реалност. Сето ова ставете го во еден плик и запечатете го со восок.
- Ковертот се става под елката на 31-ви декември. Оставете го таму три дена, па скријте го на тајно место и отворете го само откако ќе ви се исполни една желба од списокот. Извадете го листот на кој е напишана исполнетата желба и сето она што сте го ставиле во пликот што е поврзано со таа желба.
Ако сите желби се напишани на едно парче хартија, едноставно пречкртајте ја исполнетата желба. Правете го ова секој пат додека не стигнете до крајот на листата.
Секој може да ги исполни своите соништа, а не е неопходно да се спроведуваат некои посебни и сложени ритуали. Важно е само јасно да си ги поставите целите и да не скршнете од патот на нивното постигнување.
Позитивниот став, добрата енергија и вербата во чуда, носат се што сакате.